Г-ГРАФИКА е основана во 2010 година како компанија за графички дизајн и печатење. Фирмата поседува квалификуван тим за графички дизајн и печатење, како и сите видови на  дополнителна обработка на било кој тип на материјал. Со текот на времето, нашите технолошки капацитети растеа и се развива, што ни овозможи да се фокусираме на примената на нови технологии и исполнување на стандардите за животната средина.

Компанијата се стреми да ја зајакне својата позиција со воведување на нови модели на печатачи кои придонесуваат за остварување на целите на компанијата - зголемување на продуктивноста и обезбедување на широк спектар на различни услуги, со што се овозможува развивање на постојните и обезбедување нови пазари. Ова ни овозможува да ги исполниме барањата и потребите на нашите клиенти за брзи и високо квалитетни, ценовно-ефективни услуги.

Фирмата нуди можност за печатење на различни материјали во зависност од потребите и желбите на клиентот, ние можеме да печатиме сè, од најмали налепници до постери со екстремни димензии

Во однос на целокупната палета на производи и услуги, Г-Графика може да го понуди своето долгогодишно и долготрајно искуство во производство на рекламни светлечки кутии, промо штандови, рол банери како и брендирање на автомобили, автобуси, камиони и згради.

Сите наши минати и сегашни производи и проекти се доволен доказ за нашите намери и континуирани напори да ви овозможиме најдобар квалитет во печатењето и графичкиот дизајн.

Facebook Like Box

 

Created by Readme.mk & Next Step®

Copyright © 2015 www.grafikaprint.mk. All rights reserved.